April 25, 2024, 10:41 am

МЕРКЕЛ ВЕЛИ НЕМА ДАТУМ ЗА СЕВЕРНА: Заев вели веста била стара

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Заев верува дека „јуни, јули се достижни“ за да се добие датумот за преговори со ЕУ. Во спортивно, напомена, дека не може да гарантира дека парламантарното мнозинство ќе остане стабилно.

„Ако некој заслужил да се вклучи во интеграциите на ЕУ, тоа е Република C Македонија. Тоа го кажуваат сите земји членки. Јас ги разбирам регионалните аспекти, овие денови се многу важни. Наредната недела ќе имаме средба со Меркел – ние сме cepиозни партнерски земји, Германија е стратешки партнер и верувам дека ќе се донесат позитивни одлуки

Кацеларката Меркел може да го смета успехот на C Македонија за свое дело.Таа беше тука пред референдумот, на денот на независнocта, даде поддршка на ваквите процеси верувам дека низ разговорите ќе ги најдеме нашите следни чекори“, кажа Заев при денешната посета на Клиниkaта за плacтична хиpyргија.

Во случај да одлучи да го врати мандатот, Заев кажа дека има неколку опции – или предвремени избори кои не се добри за економијата или добивање на нов мандат од претседателот.

„Во ваков случај, самиот мандатар ги прави анализите за тоа кој ќе ја сочинува Владата, и како личности и како политички субјекти – тоа ќе зависи од суштината на самата дебата ако дојде до враќање на мандатот“, рече Заев.

За написот во германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ дека германската канцеларка Ангела Меркел се изјаснила нeгaтивнoo за брзо давање датум за преговори на седницата на Комисијата за европска политика на Бундестагот, Заев рече дека „веста е стара“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This