МЕРКЕЛ ВО ПОСЕТА НА АТИНА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА: Германската канцеларка ќе престојува во Атина на дводневна посета

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската канцеларка Ангела Меркел на 10 и 11 јануари ќе престојува во посета на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Предвидено е Меркел да се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас, а ќе биде примена и од  претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос.

Меркел ќе оствари средба и со лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.

Заменичката портпаролка на германската Влада, Мартина Фиц најави дека на агендата на разговорите ќе се најдат билатералните односи и европски и меѓународни прашања.

Грчките медиуми споменуваат дека и Договорот од Преспа ќе биде една од темите за кои ќе разговара Меркел со грчкиот државен врв, а Фиц, според АНА-МПА, прашана за тоа дали и договорот ќе биде на агендата, ја истакнала поддршката на Берлин за затворање на деценискиот спор меѓу двете земји.

– Не можам од сега да кажам дали канцеларката ќе разговара за ова прашање во Атина, но можам да кажам дека уште од почеток германската Влада го поздравува договорот за решавање на спорот за името и продолжува да се надева дека овој децениски спор може конечно да се реши. Сега треба да ја чекаме уставната промена во Скопје и ратификацијата во Атина, изјавила Фиц.

МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This