МЕРКЕЛ ГО ПОДДРЖА МАКРОН: Нема датум во јуни, прво реформи па датум за преговори за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Застанува ли цврсто Германија на линијата со Франција кога е проширувањето во прашање? Дали стигна уште една потвpдa дека датумот што владата го чека во јуни нема да го добиеме? Вчера од Загреб, германската канцеларка Меркел, ни порача дека ја поддржуваат европерспективата на земјите како Македонија, ама начелно. Приоритет, рече Меркел, се реформите.


-Германскиот став е познат – европската перспектива на западниот Балкан начелно ја поддржуваме, но критериумите за пристапување секако мора да бидат исполнети, кажа Меркел вчера во Загреб.
Всушност ваква порака доби премиерот Заев уште на самитот за Западен Балкан, на крајот од април. На петорката земји кои чекаат прием јасно им се укажа дека нема зошто да се надеваат на брз влез во ЕУ бидејќи ќе мораат пpво да ги средат внатpeшните пpoблеми.

Една недела потоа, за време на посетата на папата, на прашање на странски новинари, Заев рече оти после понтифот има намера 10 пати да оди кај клучните лидери во ЕУ – Макрон, Меркел за да ги убеди дека заслужуваме датум. Дали после вчерашната порака на канцеларката, уште е на ист став?

-Ако треба и 10 пати ќе одам на средби со Макрон, Руте и канцеларката Меркел, тоа го правеа моите колеги Ципрас и Борисов. Евроинтеграциите се нашата втора цел, првата – приемот во НАТО – веќе е остварена. 14 години се предолго време да се чека пред вратите на ЕУ , рече Заев на 7 мај.

Во меѓувреме, вчера јасна порака од Франција уште еднаш пренесе францускиот амбасадор во земјава. Беше концизен, датумот не може да ни биде подарок – мора да се заслужи

-Тоа не е само политички маркетинг. Ќе биде добро за нас, амбасадорите од Западните земји би биле среќни, затоа што сите посакуваме отворање на преговорите, но земјава треба навистина да биде подготвена и тоа не треба да биде само подарок. Тоа треба да биде заслужен подарок и тоа е вашите раце, рече Тимоние, вчера.

Според него, Европската унија по Бугарија и Романија, е претпазлива во однос на новите членки, оти споменатите ги усогласиле законите но соодветно никогаш не ги имплементирале.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This