МЕРКЕЛ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОКОМИСИЈАТА: Макрон би ја поддржал германската канцеларка за прв човек на Еврокомисијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Европската унија и е потребен силен човек на чело на извршниот орган на блокот, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, додавајќи дека би ја поддржал германската канцеларка Ангела Меркел за нов прв човек на Европската комисија.

– Доколку таа го сака тоа, јас би ја поддржал, изјави Макрон, додавајќи дека на Европа и се неопходни нови силни личности.

Меркел минатиот месец изјави дека не сака да ја преземе функцијата претседател на Европската комисија, нагласувајќи дека останува на ставот да замине во политички пензија по истекот на нејзиниот сегашен мандат како германски канцелар.

Ваквиот став на Меркел уследи по предлозите таа да го наследи Жан-Клод Јункер на местото прв човек на Еврокомисијата.

Меркел веќе најави дека за нов претседател на Европската комисија го поддржува германскиот европратеник од редовите на баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ), Манфред Вебер, кој е и кандидат за оваа функција на Европската народна партија (ЕПП).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This