Меркел: Згoлeмyвaњeто нa бpojoт нa нoвoзapaзeни тpeбa дa нe зaгpижи cитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел рече дека е „многу загрижена“ за зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирус и хоспитализирањата и ги повика луѓето да не бидат невнимателни во пандемија. 

– Тоа треба да нѐ загрижи сите. Но, фактот што, на пример, два или три милиони Германци над 60 години сè уште не се вакцинирани, ме растажува, бидејќи тоа би било промена за нив лично, но и за целото општество, изјави Меркел за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне сонтагсцајтунг”. 

Германија не ја направи вакцината задолжителна за ниту една група, став што Меркел сè уште го дели. Во однос на ограничувањата наметнати од Германија за време на пандемијата, Меркел рече дека „должност на државата е да го заштити здравјето на што е можно повеќе луѓе и да спречи пренатрупаност на болниците”. 

– Се разбира, има многу простор да се разговара за оваа или онаа мерка, додаде Меркел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This