Меркел му ги одзеде нaдлежностите на министерот за здравство по жестоките kpитики за недоволната набавка на вакцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако германската Влада се најде на мета на жестоки критики во врска со недоволната набавка на вакцини против коронавирус, германската канцеларка Ангела Меркел ја презеде таа обврска во свои раце.

Германската канцеларка Ангела Меркел ја презеде набавката на вакцини за државата во свои раце и донесе одлука да му одземе дел од надлежностите на министерот за здравство Јенс Шпан.

Како што пренесуваат германските медиуми, Владата на канцеларката Мекрел на утрешниот состанок ќе ги разгледува можностите за решавање на проблемот околу недостатокот на вакцини кој настана со процесот за набавка во Европската унија.

Веќе е воспоставена работна група составена од министерот Шпан, министерот за економија Петер Алтмајер, министерот за финансии Олаф Шолц и шефот на кабинетот на Меркел, Хелге Браун.Во меѓувреме, министерот за здравство, Јенс Шпан ги отфрли критиките во врска со набавката на вакцината против коронавирусот.

„Тоа што сега на почетокот имаме мал број на вакцини и тоа што мораме да поставуваме приоритети во вакцинирањето, нема врска со нарачаната количина, туку со тоа дека на почетокот капацитетот на производство е ограничен“, изјави Шпан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This