Меркел: Не би било добро да нема ЕУ перспектива за С Македонија и Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Загреб порача дека Германија е спремна за разговори за тоа што би можело да се смени во методологијата на преговорите во процесот на проширување на Европската Унија.

На прашањето што ќе се случува понатаму со процесот за приклучување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, како и тоа кога Хрватска би можела да влезе во Шенген-зоната, Меркел рекла дека не може да се случи да нема европска перспектива за сите земји.

„Тоа не би било добро“, рече Меркел, која за време на заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, изрази и жалење што преговорите со Албанија и Република Северна Македонија не беа отворени за време на последниот состанок на Советот на ЕУ.

Во врска со влезот на Хрватска во Шенген, таа рече дека за тоа мора да се дискутира на ниво на сите земји-членки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This