Меркел не успеа да го „ckpши“ Путин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту по два разговори, германската канцеларка во заминување Ангела Меркел не успеа да го „скрши“ Владимир Путин да го искористи својот авторитет и да влијае на Александар Лукашенко во врска со трансферот на мигрантите кон надворешните граници на Европската унија. Поради тоа, канцеларката многу неволно морала да стапи во контакт со претседателот на Белорусија, јавуваат германските медиуми.

Ангела Меркел и Александар Лукашенко речиси еден час разговараа за мигрантската криза.

Западните аналитичари сметаат дека Путин и Лукашенко ја достигнале целта – ЕУ, која не го признава легитимитетот на белорускиот претседател, сепак морала директно да комуницира со Минск, што тие го толкуваат како прв чекор кон признавањето на Лукашенко за легитимен претседател на Белорусија.

Бундестагот донесе резолуција за непризнавање на резултатите од претседателските избори во Белорусија поради наводна кражба на гласови во корист на Лукашенко. Но, Лукашенко доби на важност, а ЕУ повторно покажа одредена слабост, бидејќи се согласи на рутинската уцена Москва-Минск, иако подготвува ригорозни санкции, пишуваат светските медиуми, а пренесува „Јутарњи лист“.

Сепак, Берлин брзо возврати и и зададе голем удар на Москва – привремено беше суспендирано издавањето на употребна дозвола за гасоводот Северен тек 2, што предизвика прилично незадоволство во Москва. Московската берза веднаш реагираше и акциите на Гаспром паднаа за нешто помалку од два отсто, но цената на бензинот на светскиот пазар порасна за 10 отсто. Германците ја образложија одлуката дека изградбата мора да се реорганизира во согласност со германските закони.

Според познавачите на состојбите, очигледно е дека сите сега играат валкано и без ракавици, со сите расположливи средства.

За потсетување, Полска, како и земјите од ЕУ, тврдат дека Лукашенко намерно дозволува влез на мигранти во таа земја членка на Унијата. Од друга страна, официјален Минск го демантира тоа и посочува дека нема ресурси да го контролира ваквиот прилив на мигранти. Лукашенко предложи тие да превезуваат мигранти во Германија за да се избегне понатамошна ескалација на кризата, што Берлин го одби.

Во првите десет месеци од минатата година околу 135.000 мигранти од различни земји упаднале на територијата на Европската унија, покажуваат податоците на Фронтекс.

Полска и Литванија, кои се најпогодени, најавија дека нема да примаат бегалци кои имаат важечки белоруски туристички визи.

„Тие се туристи, а не мигранти кои доаѓаат од земја во криза, па не можеме да им обезбедиме азил“, велат во Варшава и Вилнус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This