Меркел: Потребна е заедничка стратегија за Русија и Кина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската канцеларка Ангела Меркел вечерва ја истакна важноста на мултилатерализмот во соочувањето со предизвиците, што, како што рече, беше потврдено од сегашната пандемија.

На Конференцијата за безбедност во Минхен (МСЦ), Меркел истакна дека само соработката може да ги надмине глобалните предизвици.

Таа оцени дека со доаѓањето на новата американска администрација, мултилатерализмот има поголеми шанси.

„Објавата за неговата администрација нè убеди да не зборуваме само туку да дејствуваме. Враќање во СЗО, Парискиот договор и други важни чекори кон поголема меѓународна соработка“, нагласи Меркел, пренесува Танјуг.
Таа додаде дека на демократските земји е не само да зборуваат за вредностите и слободите, туку и да донесат резултати и да придонесат за нивно остварување.

Таа исто така укажа на важноста од поголем ангажман во Африка, но и за решавање на ситуацијата во Либија и Сирија.

„Трансатлантското партнерство има две важни задачи. Едната е врската со Русија. Во последниве години, ние не постигнавме напредок во однос на прашањето за интегритетот и суверенитетот на Украина. Договорот од Минск е инструмент, но не донесе резултати “, изјави таа.

Меркел побара развој на трансатлантска стратегија во однос на Русија, која би понудила соработка, но и да ги посочи разликите.

Според неа, втората задача е посложена и се однесува на воспоставување на заедничка агенда за Кина .

„Од една страна, Кина е конкурент, а од друга, ни треба како партнер во некои области, како што е борбата против климатските промени. Кина се здоби со моќ. Затоа е важно сега, во врска со испораката на вакцини од Кина и Русија, да дејствуваме како Ковакс и мултилатералната заедница и да се овозможи вакцинација и во земјите во развој“, рече таа.

Меркел истакна дека е неопходно да се зајакнат сите мултилатерални организации, како што се Светската трговска организација, Светската здравствена организација, Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд.

„Каде и да бевме бавни и слаби, се појавија некои други структури под водство на Кина“, предупреди таа.
Таа истакна дека е потребно да се дефинираат заеднички предизвици и активности.

Тоа, вели таа, нема да биде секогаш лесно, затоа што не постојат секогаш заеднички интереси, но има демократија како широка основа.

„Германија е подготвена за ново поглавје во трансатлантското партнерство“, заклучи таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This