Меркел: Пaндeмиjaтa гo мeнyвa глoбaлниoт oднoc нa cилитe вo кopиcт нa Азија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Пандемијата на коронавирусот дополнително ќе го промени глобалниот однос на силите во корист на азиските земји, оцени денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

-Пандемијата економски ќе не уназади, предупреди Меркел на видео-седницата на германската Влада, нагласувајќи дека има извесно економско закрепнување во азиските земји, како Кина и Јужна Кореја, во кои граѓаните дисциплинирано носеа маски и помалку демонстрирале против владините мерки.

Германија нема намера да ги контролира своите граѓани на начин како што тоа го прави Кина, порача Меркел, но, додаде, мора да се направат дополнителни напори за да се следи чекор со технолошкиот развој, пренесоа британските медиуми.

Германската полиција минатиот месец употреби водени топови и употреби солзавец за да растера илјадници демонстранти, кои протестираат против воведувањето рестриктивни мерки во Берлин.

На денешната видео седница на германската Влада, министерот за здравство Јенс Шпан соопшти дека вакцинацијата против коронавирусот во Германија ќе почне во јануари следната година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This