Меркел пoвтopнo избpaнa зa нajмoќнa жeнa нa cвeтoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската канцеларка Ангела Меркел уште еднаш, десетта година по ред, е прогласена за најмоќната жена во светот, според магазинот „Форб“.

Втора година по ред, шефицата на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард го зазеде второто место на списокот на „Форбс“ за најмоќни жени.

Сенаторката Камала Харис стана првата жена, прва Американка со темна кожа и прва Азијка која е избрана за потпретседател на Соединетите држави – троен преседан. Нејзиниот брз подем во американската политика, исто така, ја катапултираше на „Форбс“ листата на 100 најмоќни жени во светот за првпат, каде се најде на третото место.

На 17-тата годишна листа на „Форбс“, жените доаѓаат од 30 земји и се родени во четири генерации. Меѓу нив има десет шефови на држави и 38 извршни директори.

Но, иако тие се разликуваат во возраста, националноста и описот на работата, тие се обединети во начините на кои ги користат своите платформи за решавање на уникатните предизвици оваа година.

Неколку од имињата на оваа година на списокот добија глобални пофалби за ефективниот одговор на Ковид-19.

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн ги победи првиот и вториот бран на вирусот во нејзината земја со наметнување строги заклучувања и карантин.

Тајванскиот претседател Цаи Инг-Вен спроведе ригорозна програма за барање контакти во јануари. Како резултат, до денес, островот со 23 милиони жители изгуби само седум лица од вирусот.

На списокот се и телевизиската ѕвезда Опра Винфри, шефот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева, извршниот директор на „Фејсбук“, Шерил Сандберг, кралицата Елизабета Втора, поп-sвездите Ријана и Бијонсе и финскиот премиер Сана Марин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This