Меркел се зakани: Ако ЕУ не cака, Германија ќе го направи тоа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во борбата против ширењето на нов вид на вирусот корона, германската канцеларка Ангела Меркел бара повторно воведување на граничните контроли, како во пролетта минатата година.

Шефовите на држави и влади на ЕУ вечерва треба да разгледаат понатамошни чекори во борбата против пандемијата.

Германија , како и неколку други земји, ја продолжи мерката за заклучување и ги советува другите членки на Унијата.

Доколку другите членки не го слушаат тоа, Германија, како што најави Меркел, планира повторно да воведе контрола на нејзините граници .

„Ако земјите сакаат да одат на друг начин, тогаш ќе мора повторно да воведеме гранични контроли“, рече таа.
Според неа, мерките во Германија можат да бидат ефективни само доколку има слични мерки и во други земји.

Од друга страна, шефот на германската дипломатија, Хајко Мас, се изјасни против гранична контрола .

„Мислам дека мора да сториме се што можеме за да се спречи повторното воведување на контролите на границите што водат до колоните долги 50 километри“, рече Мас за јавниот сервис на АРД.

Тој посочи дека на самитот на ЕУ се дискутира за практични прашања, како на пример како да се тестираат десетици илјади прекугранични работници за вирусот и како да се спречи увозот на инфекција преку границата.

Тој рече дека е можно да се најде разумно решение без воведување гранични контроли, пренесува Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This