April 25, 2024, 11:30 am

Меркел со две важни пораки до земјите на ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По самитот во Брисел, германската канцеларка Ангела Меркел испрати две важни пораки до земјите на ЕУ – дека земјите -членки треба да ги продлабочат разговорите за тоа каде треба да оди европскиот блок и дека мерките што ги преземаат за да ја ублажат кризата со цената на енергијата не смеат да одат на трошок за транзиција кон обновливи извори на енергија.
Меркел изјави дека целта на разговорите треба да биде ублажување и решавање на несогласувањата, како што е актуелниот спор со Полска за владеењето на правото.
„Постои прашање за независност на судството, но исто така постои и фундаментално прашање по кој пат оди Европската унија, која треба да биде надлежноста на ЕУ и со што треба да се занимаваат државите поединечно“, рече Меркел.
Ако се погледне полската историја, многу е јасно дека прашањето за дефинирање на националниот идентитет игра голема улога, изјави германската канцеларка.

„Таа улога е историски различна од земјите кои имаа демократија веднаш по Втората светска војна“, додаде таа.
Зборувајќи за енергетската криза, Меркел рече дека среднорочната или долгорочната транзиција поврзана со снабдувањето со енергија мора да оди во насока на климатска неутралност и дека привремениот раст на цените на енергијата не смее да го попречува.
Германската канцеларка додаде дека дискусијата на лидерите на ЕУ за неодамнешното зголемување на цените на енергијата резултираше со цела серија конкретни мерки што земјите -членки можат да ги користат за да реагираат во такви ситуации доколку е потребно, пренесе Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This