МЕРКЕЛ СО КРИТИКА КОН БАНКАТА ЗА ХРАНА: Не е добро да се дискриминираат луѓето по било која основа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската Канцеларка Ангела Меркел е последниот политичар кој ја критикуваше одлуката на големата банка за храна да забрани делење на бесплатна храна на странски државјани.

Добротворната организација Есенер Тафел вели дека помага на над 16 илјади сиромашни граѓани во Есен, град во западната индустриска зона Рур.

Вандали со спреј имаат напишано Нацисти на камионите за достава на организацијата.

Меркел отворено ја нападна добротворната организација Есенер Тафел поради новото барање од организацијата да покажува Германски пасош за да се добие храна.

Меркел за РТЛ вели:
– Една ваква организација не треба да се раководи од таква категоризација. Тоа не е добро. Но со тоа се покажува и притисокот кој се врши и проблемите кои ги имаат и колку луѓе имаат потреба од оваа услуга.Тоа е зошто јас се надевам на подобри решенија кои се инклузивни и не исклучуваат групи на граѓани.

Околу 1,2 милиони баратели на азил влегоа во Германија за време на миграционата криза од ‎2015-2016 година, повеќе од половина од Сирија, Ирак и Авганистан. Рекордниот прилив ја зголеми поддршката за партијата за борба против имиграцијата Алтернатива за Германија (AfD).

Есенер Тафел е дел од националната добротворна организација, наречена Тафел. Есен е дел од областа Северна Рајна-Вестфалија каде доминантна индустрија е за јаглен и челик .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This