April 24, 2024, 11:54 pm

Меркел: Јас со ова не мислам да се вакцинирам!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската канцеларка Ангела Меркел (66) изјави дека нема да биде вакцинирана со вакцината АстраЗенека / Оксфорд затоа што „таа не влегува во групата луѓе на кои им се препорачува вакцината“.

Канцеларката уште еднаш застана зад германските научници кои не предлагаат лица над 65 години да се вакцинираат со АстраЗенек. Во исто време, Гардијан дознава дека од околу 1,4 милиони вакцини на британско-шведската компанија испратени во Германија, биле користени помалку од 190 илјади (околу 13 проценти). Огромното мнозинство сè уште останува недопрено, иако е одобрено за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА).

На прашањето на новинарите дали ги разбира стравувањата на луѓето кои не сакаат да се вакцинираат со Астра Зенека, таа одговори: „Астра Зенека е сигурна, ефикасна и безбедна вакцина, одобрена од Европската агенција за лекови и препорачана во Германија за лица под 65 години. властите велат дека на оваа вакцина може да и се верува. Сè додека залихите на вакцини се малку, како што е во моментов, не можете да изберете со што ќе се вакцинирате “.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This