МЕРКЕЛ ЈА ,,ПОПАРИ” ВЛАСТА: За Скопје нема датум за преговори ова лето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската канцеларка Ангела Меркел се изјаснила нeгaтивнo по желбата на Европската комисија за брзо давање датум за преговори на Македонија за приклучување во Унијата, пишува весникот „Зиддојче цајтунг“, пренесува Дојче Веле на македонски.


Повикувајќи се на свои неименувани извори, германскиот весник „Зиддојче цајтунг“ денеска пишува дека на седница на Комисијата за европска политика на Бундестагот, германската канцеларка Ангела Меркел ставила јасно до знаење дека одлука за датумот за преговори за приклучување во Европската унија е можно да се донесе „најрано во октомври“.

„Со тоа, канцеларката застана јасно наспроти својот коалициски партнер – СПД, која се залага за гласање (за датумот, н.з.) во Европскиот совет веќе на 18 јуни. Државниот министер (во германското МНР, н.з.) Михаел Рот од СПД во Комисијата за европска политика во вторникот категорично се залагал за почеток на преговори за приклучување, но не наишол на ‘отворни уши’ кај ЦДУ и ЦСУ. Македонија постигна согласност со Грција за промена на името, меѓу другото и за да го отвори патот за преговори за приклучување во ЕУ“, пишува денеска влијателниот „Зиддојче цајтунг“.

Ваквиот развој на настаните можно е да донесе нова бypa на македонската политичка сцена, особено по вчерашните ставови на премиерот дека доколку земјава во јуни или јули не добие датум за преговори, можно е враќање на мандатот и организирање на предвремени парламентарни избори.

„Штом ќе ги знаеме конкретните информации, пример ако имаме извесност дека ова лето, јуни или јули, тоа нашата желба да го добиеме датумот за преговорите, продолжуваме со реконструкцијата. Доколку има одложување се можни сите варијанти како што е и враќање на мандат, отворање на внатрешна дебата, заземање на чекорите, еден од тие чекори е предвремени избори, другиот чекор е комплетно нова Влада, третиот чекор е преземање на одговopности за нeycпешното добивање на датумот за преговорите после се што направивме, иако винaaтa не ја гледам овде.“ – рече вчера Заев

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This