МЕРКЕЛ ЌЕ ГИ ЗГРИЖИ ЗАЕВ И ЦИПРАС: Меркел ги свика Заев и Ципрас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две македонски делегации идната недела заминуваат во Германија каде што главни теми на разговор ќе бидат прашањето за името, датумот за преговори во ЕУ, членството во НАТО и германската помош и инвестиции, говорат дипломатски и владини извори.

Едната делегација ќе ја предводи премиерот Заев кој ќе патува во Франкфурт на засега необјавени и непотврдени средби, а втората делегација ќе патува во Берлин.

Според информациите на „Експрес“, министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров ќе се сретне со неговиот колега од германската дипломатија Хајко Мас, кој пред десетина дена се сретна со грчкиот министер Никос Коѕијас.

Посетата на македонски високи претставници на Германија, особено таа на Димитров се смета за последна шанса за западно посредување во спорот за името пред самитите на ЕУ и НАТО закажани за крајот на месец јуни и првата половина на јули.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This