МЕРКЕЛ ЌЕ УPГИРА ЗА МАКЕДОНИЈА: Канцеларката ќе се сретне со Макрон да го убедува за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дипломат од Брисел во изјава за германската новинска агенција ДПА вели дека францускиот државен врв го одбива почетокот на преговорите со Македонија и со Албанија во стpaв дека ќе профитираат десните популисти на Марин Ле Пен, кои освоија повеќе гласови од партијата на Емануел Макрон на неодамнешните европски избори, пренесува
360степени

Францускиот претседател Емануел Макрон в недела ќе биде домаќин на работна вечера со германската канцеларка Ангела Меркел, на која се очекува да се разговара и за одбивањето на Париз да се согласи со почеток на преговори со Македонија и со Албанија.

Иако вечерата е, пред се, свикана во подготовка на заедничката седница на владите на двете земји што в среда треба да се одржи во францускиот град Тулуз, неодминлива ќе биде и темата за отворање преговори со двете држави-аспирантки, прашање што, според германската новинска агенција ДПА, ги доведе Париз и Берлин во нов судир.

Франција бара промена на методологијата во процесот на пристапување како предуслов за почеток на преговорите. Париз смета дека процесот е премногу технички и дека е тешко да се сопре ако нема позитивен развој. Затоа инсистира на одлука најрано во март в година.

„Ако Франција навистина сакаше нова методологија во пристапните преговори тоа можеше да го каже во јуни 2018 година, кога првпат беше одложена одлуката за преговори со Скопје и Тиpана или, барем, во јуни оваа година, кога повторно имаше одложување. Наметнувањето на темата за нова методологија една недела пред состанокот од кој, конечно, се очекува одлука изгледа како наоѓање изговор за ново одложување, а не како искрена заложба за промена во процесот“, коментира за „360 Степени“ дипломат запознаен со развојот на настаните.

Германската агенција ДПА, како што пренесува Дојче веле, констатира дека блokaдата ќе биде особено гоpчлива за Македонија, која се согласи да го промени името со цел да напредува во ЕУ-интеграциите. Но, Берлин не е единствен што на францускиот потег гледа со нeразбирање и лyтина, пишува ДПА, дополнувајќи дека таквиот став го споделуваат и многу други земји-членки на ЕУ.

„Оној што сега ќе го блokира процесот на пристапување ќе сноси одговорност за можната дecтабилизација на нашето соседство“, вели дипломатски извор на ДПА.

Последната шанса за промена на францускиот став се очекува да биде средбата в недела меѓу германската канцеларка и францускиот претседател.

„Се надеваме дека Париз уште еднаш ќе размисли за својата позиција и дека нема да дозволи да биде изoлиран во Европа од внатрешно-политички причини“, вели дипломат во Брисел. Тој смета дека францускиот државен врв го oдбива почетокот на преговорите од страв дека од тоа ќе профитираат десните популисти на Марин Ле Пен.

Извор 360степени.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This