Мерките се дискриминатopcки, нeycтавни и незakoнски: Вработените во јавната администрација можат да ја тyжaт државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на вчерашниот ден министерот за здравство, Венко Филипче ги најави новите предложени мерки од Комисијата за заразни болести со кои вработените во јавната администрација можат да одат на работното место само доколку се вакцинирани барем со една доза или доколку прикажат ПЦР тест не постар од 72 часа кој ќе треба ада го плаќаат од свој џеб.

Ваквите предложени мерки кои се чека на Владата да ги усвои предизвикаа лавина реакции во македонската јавност која одлучно се спротивстави на истите. Синдикатите, медицинската и правната фела се спротивставија на мерките нарекувајќи налудничави, нелогични, неуставни и незаконски.

Инфомакс побара одговори од правната фела, поточно од познатиот адвокат Јанаки Митровски за тоа дали мерките на Филипче се косат со Уставот и законите.

Митровски потенцира дека основните човекови права соогласно Уставот со одредени исклучоци можат да бидат суспендирани за време на воена или вонредна состојба, но не врз дискриминаторски основи како што тоа се случува со мерките кои наводно треба да го спречат ширењето на коронавирусот.

-Нашиот Устав подразбира можност основните права со исклучок на правото на живот, забрана за мачење слобода на мисла и изразување како и слободата на вероисповест да се ограничат во време на воена и вонредна состојба, но тоа не смее да биде врз база на дискриминација. Новиот Закон за заштита од дискриминација во член пет како дискриминаторски основи ги предвидел и здравствената состојба, политичко и друго уверување, и токму од тие причини најавените мерки се супер дискриминаторски, и со тоа неуставни, вели Митровски.

Според него граѓаните кои што се засегнати со овие мерки можат слободно да ја тужат државата, но се сомнева во одлуката на судовите кои тој потенцира дека се плашат да судат против државата.

-По однос на прашањето дали ќе имат вработените во администрација можност да ја тужат државата одговорт е формално да но во пракса не. Би можеле да бараат судска заштита поради дискриминација по дискриминатроски основ политичко или друго уверување, но нашите судови, ова одговорно го тврдам, се плашат да судат против државата, особено на вака сензитивна тема, додава Митровски.

Целта на овие мерки вели адвокатот е присилна вакцинација.

-Секому му е јасно дека целта е присилна вакцинација. А зашто двде третини од граѓаните не сакаат да се вакцинираат е јасно- недоверба во системот. Ниту е прва ниту последна вакцина, но е прв случак на ваква кампања на страв и интимидација, заклучува тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This