МЕРКО: Ауди од 70 илјади евра не било луксузно возило, и обичните граѓани возеле возила од 100 илјади евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ауди А6 од 70.000 евра не е луксузен автомобил – обични граѓани возат автомобили од 100.000 евра – изјави за ТВ 24 градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. ТВ 24 објави дека општина Струга на крајот од ноември лани се подновила со 4 автомобили тешки 114.000 евра, меѓу кои е и луксузниот автомобил за Градоначалникот кој е вреден 67.000 евра, пренесува 24.мк.

Мерко во изјавата вели и дека набавката на автомобилите била неопходна бидејќи општината немала возила, а тие што ги имала биле хаварисани.

„ Јас често одам Скопје, тоа се 400 километри, патувам и надвор од државата. Аудито не е само за мене, туку за потребите на Општината“- изјави Мерко.

Бидејќи набавката била неопходна и планирана во Годишниот план за 2018 година, Мерко не чувствува грижа за рационалноста на набавката, односно дека парите или дел од нив би можел да ги пренамени за решавање на проблеми на граѓаните на Струга.

Инаку Владата на крајот на мината година покри 50 милиони евра долгови на презадолжените општини, за тие да можат да продолжат да функционираат. Само општината Струга, без институциите кои се под нејзина надлежност, до крајот на минатата година прикажала долг од 4,5 милиони евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This