Мерко до Владата: Дивогpaдби во Струга нема

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дивоградби во Струга официјално нема. Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко упорно ги игнорира барањата на централната власт и Националната комисија да ја достави листата на дивоградби во градот и во заштитениот појас, неопходна за да се направи план и стратегија за заштита на крајбрежјето, пишува Телма.

Претседателот на националната комисија за УНЕСКО, министерот Едмонд Адеми кој неколку пати досега кажа дека лично бил известен од струшкиот градоначалник дека е прашање на денови кога регистарот ќе биде на неговот биро најави дека ќе побара од Владата да ги искористи сите законски механизими кои и стојат на располагање за Мерко конечно да ги посочи дивоградбите.

Адеми веќе подготвил информација која ќе биде доставена до Владата на следната седница.

Неговиот сопартиец, министерот за животна средина Насер Нуредини, кажа дека со Мерко се разговара и дека очекува региратор да биде доставен најдоцна до утре.

Според Нуредини на Мерко не му се гледа низ прсти.

Градоначалникот Мерко во повеќе наврати во јавноста тврдеше дека во Струга нема дивоградби, бз аргументи, и без докази, очекувајќи дека треба да му се верува на збор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This