МЕРКО МУ СЕ РАДУВА НА СНЕГОТ, ЗАТОА НЕ ГО ЧИСТИ: Ќе имало вода цела година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рамиз Мерко, градоначалникот на Општина Струга за интервју на 1ТВ да се оправда зошто не го исчисти снегот рече дека е најсреќен што падна толку многу снег тоа е добро бидејќи така ќе има вода цела година.

Телевизијата 1ТВ вчера била во Струга и направила анкета на граѓаните, што мислат за градоначалникот. Сите граѓани се разочарани од неработата на Мерко, посебно по паѓањето на снег, кој тој не се ни залагал да се исчисти.

По интервјуто го побараа телефонски градоначалникот при што го прашаа зошто толку време му требало да го исчисти снегот, односно зошто не го исчистил веднаш за да граѓаните се движат слободно по градот.

Градоначалникот на Струга за да ја оправда својата неспособност одговори – „Јас ќе го речам спротивното, јас сум највеселиот и најрадосниот човек на Струга, што во Струга падна толку снег. Значи имаше богата снежна покривка која ќе не води барем цела година со снабдување на вода, што е уште поголем интерес на Стружани и граѓаните на Струга“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This