Месеци пред изборите Тpaмп во вojна со Фejcбук и Tвитep, секојдневно му ги цензypиpaaт објавите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Административците во најголемата социјална мрежа „Фејсбук“, избришаа објава Доналд Трамп, затоа што ги прекршил правилата против ширење дезинформации за короанвирусот.

Американскиот претседател во објавата споделил и линк до видео на „Фокс њуз“, во кое тој вели дека децата се „практично имуни“ на вирусот.

Фејсбук вчера соопшти дека „видеото вклучува лажни тврдења дека група луѓе се имуни на ковид-19, што претставува кршење на нашите правила околу штетни дезинформации за ковид“.

Неколку часа подоцна, Твитер привремено го блокираше Трамп од твитање од неговиот профил, сè додека не ја отстрани објавата со истото видео. Профилот на Трамп го ретвитна видеото. Компанијата во изјавата доцна синоќа соопшти дека твитот ги прекршил нејзините правила против дезинформации за ковид. Кога некој твит ги крши тие правила, Твитер бара од корисниците да го отстранат твитот и им забранува да објавуваат нешто друго сè додека не го избришат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This