March 29, 2024, 10:40 am

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА СЕПТЕМВРИ: Што ни предвидуваат ѕвездите за овој месец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе е септември, месецот во кој го испраќаме летото и ја дочекуваме есента. Овој месец носи големи промени за многу хороскопски знаци – нова љубов, нови професионални можности, но за некои од знаците и здравствени проблеми.

Овен

Работа: Овој месец ќе фокусот ќе ви биде на работата, односно на тоа како да бидете подобри, но и како да ги подобрите односите со колегите, надредените и клиентите. Ќе бидете попрактични од вообичаено, но и пореални што направи полесно да се справувате со работите и промените кои ќе наидат.

Внимавајте на можните конфликти со колегите, бидејќи само еден саркастичен коментар може да предизвика голем проблем. Голем успех ќе имате во преговорите, но и почеток на некоја партнерска работа за која одамна сонувате.

Љубов: Ако сте во врска: Овој месец работите ќе бидат подобри и ќе биде навистина среќни во врската. Ќе биде мирно, но и убаво за вас.

Ако сте слободни: Слободните Овни овој месец ќе работат многу и тоа ќе им биде главниот приоритет. Сепак, првите 2 недели од месецот носат можност да запознаете интересна личност со која би размислувале за врска. Но, тоа ќе мора да биде личност која добро ве разбира дека работата ви е на прво место.

Здравје: Бидете внимателни овој месец бидејќи можни се повреди или интервенции. Сега е одличен период да се посветите на здравјето и да посетите стоматолог и да одите на систематски преглед.

Бик

Работа: За разлика од август, септември носи убави вести. Сигурноста ви е важна, а септември е баш таков месец: стабилен. Овој месец ви носи можности да ги завршите проектите, но и да започнете нови. Ќе бидете многу аналитични, но и критични кон колегите, но треба да бидете многу внимателни околу тоа како се поставувате кон нив. Попуштете малку и посветете се на себеси повеќе одошто на другите.

Септември е одличен за прецизност и работи кои бараат поголем ангажман, бидејќи ќе бидете многу фокусирани и концентрирани. Втората поволина од месецот е идеална за партнерски соработки.

Љубов: Ако сте во врска: Ова е одличен месец ако сакате да ја подобрите комуникацијата со саканата личност. Страстите ќе бидат присутни во текот на целиот месец, но можно е да се соочите со мали кавги на крајот на месецот. Овој месец ќе сакате да се менувате себеси, но и да ја менувате саканата личност.

Ако сте слободни: Ќе имате неколку личности кои ќе покажат интерес за вас, и иако можеби нема да сакате ништо сериозно со нив, сепак ќе се чувствувате добро и често ќе комуницирате. Можно е и обновување на комуникација со личност од минатото.

Здравје: Премногу ќе анализирате овој месец, а тоа ќе ви предизвика голем стрес и анксиозност. Потрудете се да се опуштите.

Близнаци

Работа: Во текот на наредните недели ќе бидете прилично зафатени со обврски. Можни се и прекувремени часови кои ќе влијаат и на вашиот приватен живот. Овој месец ќе се посветите многу на деталите, но тоа нема да им се допадне на другите колеги, бидејќи ќе мислат дека трошите време на глупости. Дајте се од себе, но потрудете се да не влегувате во конфликти.

Месецот е поволен за започнување партнерски бизниси, а ако барате работа ќе добиете помош од некој од пријателите.

Љубов: Ако сте во врска: Ако живеете заедно, можно е овој месец да го поминете на работи поврзани со реновирање и работа во домот. Бидете внимателни и не дозволувајте кавги со саканата личност, тоа сега не ви е потребно.

Ако сте слободни: Ќе бидете проактивни на ова поле и ќе имате додворувачи, но нема да ве држи место. Можности за љубов може да има, но тоа не значи дека вие ќе бидете многу заинтересирани за само една личност.

Здравје: Бидете внимателни што јадете, бидејќи можни се проблеми со стомакот и желудникот.

Рак

Работа: Време е конечно да видите што е среќа на ова поле. Можни се патувања во странство, но и контакт со странство. Ако ви е потребна помош а не сте ја имале досега, ќе ја добиете овој месец. Ако сте претприемач и имате свој бизнис, бидете внимателни во периодот од 8-15 септември.

Љубов: Ако сте во врска: Ова е месец на преиспитување. Ќе размислите што функционира и што не функционира во врската и ќе сакате да направите нешто околу тоа. Ќе се трудите да бидете реални и ќе успеете во тоа. Оние Ракови кои се во долга врска ќе успеат подобро да се поврзат со личноста која им значи.

Ако сте слободни: Првите недели од овој месец ќе бидете многу социјални и ќе бидете многу комуникативни. Ќе ви се понуди можност да го промените својот љубовен статус, и тоа со колега од работа.

Здравје: Ако имате некаков здравствен проблем, посветете се на тоа овој месец и не дозволувајте да ги оставите работите така.

Лав

Работа: Септември ќе биде наклонет за претставниците на вашиот знак. Ќе бидете покреативни од вообичаено и тоа ќе ви помогне да постигнете и поголема заработувачка овој месец. Можно е овој месец да ве научи на важни лекции. Ова е месец и во кој ќе поставите одлични темели за вашите идни успеси.

Од 18 септември, можно е да постигнете големо олеснување и да ви падне голем товар од грб.

Љубов: Ако сте во врска: Ќе бидете во хармонични односи особено во првите недели од месецот. Овој месец ќе научите нови работи за партнерот, но и тие за вас.

Ако сте слободни: Слободните претставници на овој знак досега размислуваа за минатото, но сега ќе тргнат напред. Јупитер ви носи нова шанса за љубов, но ќе треба самите да ја воочите. Љубовта може да дојде од странство, или да ја сретнете на некое патување.

Здравје: Овој месец ќе ве мачи стресот.

Девица

Работа: Првиот дел од месецот ви носи завршување на сите обврски. Стресот ќе биде присутен, но ќе се чувствувате продуктивно бидејќи не сакате стагнација. Овој месец повеќе ќе размислувате за себе, бидејќи вообичаено себеси се ставате во втор план. Ќе бидете енергични и ќе имате многу идеи. Бидете упорни.

Љубов: Ако сте во врска: Овој месец морате да носите рационални одлуки, бидејќи ќе морате да бидете свесни дека вашите одлуки ќе имаат последици во иднината. Можни се повремени себични ставови од ваша страна и затоа ќе морате да размислите од каде произлегуваат тие.

Ако сте слободни:Ако сте слободни, ќе бидете привлечни за другите и ќе можете да уживате во вниманието.

Здравје: Можни се проблеми со шеќерот и килограмите.

Вага

Работа: Овој месец ќе ја проширите работата, но тоа ќе ви донесе и нови обврски. Можни се и мегаломански планови, но бидете внимателни за да не се разочарате. Исто така, добро е овој месец да размислите за штедење и да си поставите план за идните месеци. Односите со колегите ќе бидат одлични, па така тој дел ќе ви носи задоволство во работата.

Љубов: Ако сте во врска: Ќе почнете да го менувате погледот кон вашата врска, односно да сфатите што точно сакате. На крајот, ќе бидете многу задоволни од тоа што ќе го заклучите.

Ако сте слободни: Слободните претставници на овој знак ќе бидат проактивни на ова поле, особено по 14 септември. Препораката е да не анализирате премногу и да дозволите работите да се одвиваат сами по себе.

Здравје: Заморот е нешто на што сте навикнати, а тој ќе ве следи и овој месец. Сепак, потрудете се да се рекреирате и да бидете физички активни.

Шкорпија

Работа: Работата е ваш извор на енергија и овој месец ќе бидете посветени на тоа. Овој месец успешно ќе ги реализирате сите планови ќе бидете среќни. Ви доаѓа и помош од колешка која ќе ви покаже работи кои не сте ги знаеле.

Втората половина од овој месец ви носи подобра комуникација со околината. Сега поволен миг за купување на автомобил или промена на мобилен телефон.

Љубов: Ако сте во врска: Овој месец ќе ви биде потребна голема слобода, но нема да знаете како тоа да го искомуницирате со партнерот. На некои претставници на вашиот знак ќе ви биде потребна промена. Некои Шкорпии кои се во брак ќе размислуваат за развод, но треба да се многу внимателни околу комуникацијата.

Ако сте слободни: Можно е да го промените љубовниот статус овој месец, но со блиска личност на која не сте и обрнувале многу внимание.

Здравје: Ќе бидете понапнати од вообичаено и нема да можете да го контролирате стресот. Добро ќе ви дојде да поминете време покрај вода или планина.

Стрелец

Работа: Ќе бидете оптимистични и ќе ширите убава енергија околу вас. Ќе можете да го реализирате тоа што сте го планирале особено на 4, 11, 12 и 20 септември. Сега е одличен момент за нови почетоци, склучување договори и тн.Можни се големи промени, кои не сте ги очекувале досега. Иако сте љубител на сигурност и стабилност, овие промени ќе ви дојдат добро иако нема да ги прифатите така од почеток.

Љубов: Ако сте во врска: Ќе бидете ситничави кога станува збор за вашата врска. Видете само да не претерувате бидејќи тоа може да им дојде многу на вашите сакани.

Ако сте слободни: Можно е да сретнете нова личност родена во земјен знак која има силна општествена позиција.

Здравје: Можни се скршеници и повреди. Бидете многу внимателни.

Јарец

Работа: Овој месец, ѕвездите ви се наклонети особено во првите 3 недели. Ќе се фокусирате да се поставите како авторитет и да ги наметнете своите лични вредности и тоа ќе ви оди од рака. Овој септември ќе имате стравови кои всушност ќе бидат ваша кочница до успехот.

Ако досега сте имале некакви планови, по 18 септември ќе можете да ги реализирате. Многу работи ќе се помрднат од мртва точка, а тоа ќе ве направи многу среќни овој месец.

Љубов: Ако сте во врска: Ќе наидете на чуден однос со саканата личност. Другата страна ќе биде многу наелектизирана (без причина) па ќе морате да се носите со тоа овој месец. Избегнувајте ги сериозните разговори бидејќи со сигурност ќе доведат до кавга. Едноставно дистанцирајте се од партнерот, па ако биде потребно и од пошироката околина и фокусирајте се на својот мир.

Ако сте слободни: Слободните претставници на овој знак се навраќаат постојано на некоја стара љубов. Ако успеете да се ослободите од тоа, можно е познанство па и љубов со личност со која ќе мислите дека се познавате цел живот.

Здравје: Можни се проблеми со стресот и дишењето.

Водолија

Работа: Променливата состојба на ова поле продолжува. Сепак, време е некои етапи да завршат, а други да почнат. Ако сакате нешто да менувате, сепак треба да соберете храброст за тоа. Добро би било да се консултирате со пријатели и некој од семејството за да добиете поддршка за работите кои сакате да ги постигнете. Полето на финансии е поволно и ви носи успеси овој месец.

Љубов: Ако сте во врска: Конфликтите од август ги снемува и септември ви носи помирни денови. Трпението е клуч за добрата љубов овој месец и потрудете се да бидете повнимателни кон личноста која ви значи.

Ако сте слободни: Ќе уживате во патувањата со пријателите. На почеток ќе бидете заинтересирани за минлива авантура и тоа и ќе го добиете. Но, потоа ќе сакате повеќе. Некои Водолии ќе влезат во врска со личност со која претходно биле пријатели.

Здравје: Обрнете повеќе внимание на здравјето овој месец.

Риби

Работа: На ова поле ќе ви биде подинамично од вообичаено. Некогаш ќе бидете многу незадоволни, но потрудете се да не го искажувате своето незадоволство постојано и насекаде, туку само онаму каде е потребно. Можно е да добиете понуда за да заминете во друга држава поради работа.

Љубов: Ако сте во врска: Ве очекува убав месец, кој носи хармонија и романтични моменти.

Ако сте слободни: Две личности ќе бидат заинтересирани за вас, така што ќе треба да одлучите која ви одговара. Можеби ќе биде тешко, но не им го трошете времето ако не знаете што сакате.

Здравје: Можни се повреди, главоболки и мигрена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This