МЕСИЈАНСКИ КОМПЛЕКС: Заев на суд призна дека одлучувал кој треба да биде поштеден, а кој жигосан од бомбите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Незаслужено го поштедив Виктор Цветковски од дополнителна објава на други разговори кои беа во рамките на одлуката во органите на партијата, велам незаслужено бидејќи истиот тој е јавна личност со политичка дејност.“

.zaev_viktorgrom

 

Вака лидерот на СДСМ Зоран Заев пред судот го искажал своето разочарување од тужбата која против него е поднесена од Виктор Цветковски. Тужбата до Заев и СДСМ е поради објавени приватни разговори на Цветковски меѓу материјалите кои стекнати на нелегален начин, од прес-конференција беа користени од страна на лидерот на СДСМ за пропагнадна војна против власта.

Со оваа скандалозна изјава Заев само потврдува дека во сценариото за пуштање на делови од нелегалнос текнати приватни разговори, тој директно одбирал кој ќе биде поштеден, а кој ќе биде жигосан пред јавноста, со што се потврди уште еднаш јавната тајна дека целта на бомбите не е откривање на некаков криминал, туку пропагандна војна за рушење на имиџот на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова не е прв пат Заев да признае дека стратешки планирал кого ќе уценува, кого ќе пушта, а кого ќе штеди во бомбите. Своевремено праќаше и пораки до ДУИ дека ако не бидат „послушни“ и не се „одважат“ односно не се приклонат кон него, ќе пушта бомби и за нив. Кога се во прашање бомбите за ДУИ, тие се појавија на косовскиот пазар, каде се шпекулира дека Заев и неговата мрежа ги растуриле со цел уценување на албански политичари во Македонија.

Меѓутоа ова е прв пат Заев јавно и отворено да признае дека внимателно селектирал чиј живот сака да уништи, а чиј не, преку пуштање на селектирани материјали во контекст кој тој го даваше на прес-конференциите.

Граѓаните добро паметат дека Заев пред секоја бомба насочено нагласуваше што ќе се слушне наредно, истовремено играјќи ја улогата на судија, а не на борец за правда и почитување на законите и Уставот на Република Македонија.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This