Лионел Меси како да се помири со немоќта на Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите и целосно се вклопи во сивилото на петкратниот европски шампион. Аргентинецот со 19 загубени топки беше најлош фудбалер во оваа статистичка категорија и само во првите 15-тина минути личеше на вистинскиот Меси.
Физичкиот пад, фрустрацијата и немоќта на екипата и физички и технички да се носи со баварската „машина“ го остави Меси замислен и рамнодушен во последните десетина минути.
Медиумите во Шпанија се прашуваат до кога Лео ќе ги трпи „ударите“ на слабо контруираната Барса. Поразите во Рим (4-1), Ливерпул (4-0) и Лисабон (8-2), зачинети со тие во Торино (3-0) и Париз (4-0) се почеток на крајот на големата Барса.
Меси има договор до јуни 2021 година со Барселона и многу зли јазици веќе шпекулираат дека нема да го продолжи. Најважни за одлуката на Меси се новиот тренер и претседател на Барселона.