Меси огрaбeн во лукcузeн хoтeл: Крaдцитe зeмaле гoлeма сумa на пaри и нaкит

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најдобриот фудбалер на денешницава Лионел Меси бил ограбен во Париз од засега неидентификувани крадци, кои успеале да провалат во хотелскиот апартман во кој е сместен и за кој плаќа 20.000 евра, па крадците се офајдиле од поголема сума на пари и накит кои ги нашле.

Како на филм се случил грабежот во хотелот во Париз, откако крадците преку помошните скали се качиле на кровот, а оттаму потоа се спуштиле на терасата од апартманот на Меси и влегле во него, искористувајќи го моментот на отворената балконска врата, па украле сѐ што е вредно, од поголема сума на евра и накит.

Меси е сместен во хотелот „Ројал Монсео“, хотел со пет ѕвезди. Но, од грабежот не настрадал само Меси, туку крадците провалиле уште во четири други соби, крадејќи исто така пари и накит кој го затекнале оставен од луѓето кои претстојувале во овој хотел.

„Да платиш толку пари за хотел кој е ‘фенси’, а треба да е и безбеден, е нешто што е многу разочарувачко. Полицијата ни рече дека виделе двајца како со торба бегаат на кровот после прегледаните безбедносни камери, но не можеле да ги идентификуваат. Имало уште двајца кои биле вклучени во грабежот“, рекла една од оштетените од грабежот.

Во хотелот прво не можеле да поверуваат дека имало грабеж, сѐ додека полицијата не дошла за да направи увид.

Доаѓањето на Меси го крена Париз на нозе, ама очигледно буквално сите му се израдуваа на Аргентинецот, па и крадците кои добро се офајдиле од тоа што го затекнале во апартманот на фудбалскиот велемајстор. Меси во моментов бара куќа каде ќе се пресели со семејството, откако летово од Барселона дојде во ПСЖ, а во вторникот го даде својот прв гол за новиот клуб.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This