Меси одби да го земе медалот: Не сакам да бидам дел од коpупцијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фудбаската репрезентација на Аргентина го заврши својот настап во Копа Америка со освоено трето место откако ја порази репрезентацијата на Чиле со резултат 2:1.

Но, тоа што остави сенка на натпреварот беше црвениот картон што го доби аргентинскиот капитен во 37 минута, по инцидентот со репрезентативецот на Чиле Гари Медел кој исто така беше исклучен од игра.

Ваквиот потег на судијата уште повеќе ја зголеми разочараноста на Меси од целата организација на првенството така што дури одби да го прими бронзениот медал.

– Мислам дека денеска добив црвен картон поради моите поранешни зборови за судиите на првенството, ова е навистина срамно, изјави Меси.

Но, најдобриот играч на светот не застана тука, тој обвини за постоење на корупција, дека целото првенство е наместено и дека Бразил сигурно ќе биде шампион.

– Не сакав да го земам медалот за третопласирана репрезентација бидејќи не сакам да бидам дел од коpупцијата. Воопшто не се сомневам дека Бразил ќе биде шампион. За нив се беше наместено, обв ини Меси.

Инаку, вo финалето на Копа што ќе се игра вечерва ќе се сретнат домаќините Бразил и годинешното изненадување во првенството Перу.

https://www.youtube.com/watch?v=RAisFgY23jw

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This