МЕСТЕНКИ ВО ТЕНДЕРОТ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДРЖАВНИ ОБЈЕКТИ: Тендер вреден 2.6 милиони евра, фаворизира фирми блиски до власта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дел од условите во тендерот за физичко обезбедување на 40-тина државни објекти тежок 2,6 милиони евра фаворизираат одредени фирми, велат добро упатени извори за Телма.

Од агенциите прашуваат зошто во тендерот се бара компанијата да има 350 вработени со службени легитимации од Комората за обезбедување кога во тендерот стои дека ке им бидат потребни 157 обезбедувачи. Ова според некои агенции е и спротивно на Законот за јавни набавки кој бара еднаков третман и недискриминација на економските оператори.

Дел од агенциите кои сакаа да останат анонимни прашуваат и зошто се бара фирмата да има во последните 3 години, барем 2 договори за физичко обезбедување со најмалку 70 лица. Велат многу малку компании барале обезбедување со толку голема бројка на обезбедувачи.

Познавачите брифираат и дека со условот агенцијата да поседува 70 парчиња оружје се стеснува изборот. Според податоците од министерството за внатрешни работи од крајот на минатата година само 3 агенции за обезбедување го исполнуваат овој критериум.

Директорот на СОЗР Пеце Мирчевски викендото во изјава за Телма кажал дека условите се правени како за обезбедување од прв степен и негираше дека на овој начин се исфрлаат од игра малите агенцииТој додаде дека малите фирми можат да се групираат и да конкурираат.

Од Службата за општи и заеднички работи денеска додаваат и дека спецификацијата за тендерот е направена врз основа на технички дијалог и прифатени биле дел од поднесените забелешките на компаниите.

Со тендерот се бара обезбедување на СОЗР, Бирото за судски вештачења Бирото за метрологија и уште 30тина други објектина претежно подрачни единици на министерства низ државата а главен критериум за избор е најниска цена.

Минатата недела СОЗР објави уште два други огласи за јавна набавка – 6,2 милиони евра за чистење за поправка и одржување на над 50 државни објекти во наредните три години и за хортикултурно одржување на објектите на државната управа тежок 666 илјади евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This