МЕСТОТО НА СДСМ Е ВО ОПОЗИЦИЈА: Уште еднаш се потврди дека СДСМ нема капацитет да ја води државата затоа треба да замине во опозиција каде што и е местото

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште еднаш се потврди дека СДСМ нема капацитет да ја води државата. Не помина ниту една година, а СДСМ успеа државата да ја клекнат на колена, уништија се што допреа. Нема реформи, нема развој, нема 600 километри нов автопат, нема просечна плата од 500 евра, нема зголемени пензии, нема 100 илјади денари плати за докторите. Се што може да се види е неспособност и неработење на оваа Влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Откако се на власт криминалниот картел на СДСМ стана симбол на непотизам, корупција и лично богатење. Со секој изминат ден се потврдува дека на Заев и врхушката околу него не им е целта подобрување на животот на граѓаните, туку безмилосно богатење. Корупцијата расте, економијата стагнира, а новите инвеститори бегаат и ја заобиколуваат Македонија која потона на дното на најкорумпирани земји во светот, стои во реакцијата и се додава:

„Патот по кој владата на СДСМ ја води државата не води кон подобрување на стандардот и побогата држава. Република Македонија мора да се врати на вистинската патека. Затоа СДСМ треба да замине во опозиција каде што и е местото“.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This