April 20, 2024, 11:59 am

МЕСТО ДА СЕ ЧЕКА РЕД НА БИЛЕТАРНИЦИТЕ: Картичките за автобус ќе може да се надопoлнуваат и од дома!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се работи на нов систем кој ќе овозможи граѓаните од дома преку интернет да ги надополнат картичките, ќе се тргне активацијата за плаќање со мобилен, а ќе се отворат уште 81 продажно место, најави директорот на ЈСП, Јанушев

Граѓаните наместо да чекаат ред пред билетарниците ќе може да ги надополнуваат електронските картички и од дома преку интернет, најави директорот на ЈСП, Игор Јанушев како дел од новините со кои би се отстраниле недостатоците во електронската наплата во автобусите.

– Се работи на системот чија изработка е при крај, а овој систем ќе дава и преглед во однос на тоа колку средства имате оставено и како сте ги користеле, рече Јанушев. Додаде дека од 1 февруари нема да има зголемување на цените и нов тарифен систем.

Освен оваа новина Јанушев најави и дека ќе се отстрани активацијата на услугата за плаќање со мобилен, а ќе се отворат и нови продажни места.Плаќањето со мобилен е во пораст. Напомена дека во 2016 имало 3.030 успешни трансакции, а во првите 25 дена од јануари има околу 2.000 трансакции.

– Имаме значителна бројка на неуспешни трансакции, односно кога корисникот пробал да плати со мобилен, а претходно не ја активирал услугата. За да им излеземе во пресрет на граѓаните и бидејќи увидовме дека ова е проблем, веќе постигнавме договор со фирмата која го одржува системот да се тргне активацијата на услугата и корисникот да може да плати само со повикување на телефонскиот број 185, рече Јанушев.

Најави дека ВИП и Оне ќе се вклучат во системот. Договорот е завршен, а во следните денови се очекува негово потпишување. Јанушев изрази надеж дека услугата ќе може да се користи од почетокот на март.

Граѓаните може да си набават картички во билетарниците на ЈСП Скопје, продажните места од мастер-дилерот и сите автобуси на ЈСП Скопје и на приватните превозници.

Директорот на ЈСП Скопје потсети дека до пред една година располагале со 25 билетарници.
– Во овој момент, покрај овие 25 билетарници имаме седум инфо центри каде се изработуваат персонализираните картички, се продаваат и неперсонализирни картички и може да се врши надополнување. Имаме и 56 продажни места на целата територија на Скопје, кои се под мастер-дилерската мрежа, рече Јанушев.

Најави дека дополнително подготвуваат уште 81 продажно место, кои ќе бидат под мастер-дилерската мрежа, а ќе функционираат од 1 февруари.

На продажните места во ЈСП Скопје се продадени 88.000 неперсонализирани картички, во автобусите на ЈСП Скопје 52.300, кај приватните превозници во автобусите 36.500 и во мрежата од мастер-дилерот се продадени повеќе од пет илјади картички.

– За околу 25 дена се продадени над 180.000 картички. Во 2016 година се направени надополнувања на било какви билети на електронските картички во вкупна висина од 247 милиони денари, а само во првите 25 дена од годинава надоплнување е извршено на сума поголема од 40 милиони денари, рече Јанушев.

Во 2016 имало 33,5 милиони валидации на електронските картички во автобусите, а во првите 25 дена од годинава скоро три милони валидации во автобусите на ЈСП Скопје и кај приватните превозници.

– Во 2016 се продадоа нешто повеќе од 33.020 неперсонализирани картички. Врз основа на оваа продажба, се направија претпоставките и анализите колку картички треба да имаме подготвено за во 2017, каде ги вклучивме и приватните превозници. За таа цел беа подготвени повеќе од 150.000 картички. Од нив 30 илјади се продадоа само во првите три дена од јануари, а до до крајот на првата недела од овој месец се продадоа 80 илјади картички. Заклучно со вчерашниот ден, имаме продадено околу 140.000 картички, рече Јанушев.

Билетот за десет возења, како што нагласи, и понатаму ќе може да се искористи во рок од две недели, поради тоа што граѓаните се привилегирани и едно возење чини 25 денари.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This