Метамopфозата на Мартин Пpoтоѓер во чeтиpи фaзи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инфомакс дознава нови шokaнти информации за соработката на Мартин Протоѓер со Зоран Заев и СДСМ и неговата метаморфоза во четири фази.

Да потсетиме дека Инфомакс објави детални информации кои ги добивме од свиркачи за соработка на Протоѓер со Заев кои по објавата беа потврдени од уште неколку извори од високото раководство на владеачката СДСМ, но и поединци во опозицијата.

Дел од луѓето од власта кои говореа за соработката со Протоѓер, говореа со чувство на триумфализам, а дел со чуство на загриженост што некогашниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и шеф на кабинет на тогашниот водач на партијата Груевски, своевремено многу близок и до Мицковски, Мијалков, Попоски, Тодоров и со повеќето позначајни личности од поранешното и сегашното раководство на партијата, сега е еден вид неформален советник на Заев и ставен на негово целосно располагање.

Неодамна објавивме дека Протоѓер минатата година покажувајќи се пред новиот шеф и обидувајќи се да добие милост за предметот за кој го судат за кој постапката почнува одново, се понудил да им биде соработник во однос на прогонот на неговите некогашни сопартијци и поранешни пријатели, веројатно со цел тој да биде поштеден или да помине со некоја поблага казна.

За Мицковски, Груевски, Мијалков, но и за голем дел од сегашното и поранешно раководство на партијата, говорел со најпогрдни зборови но не ги поштедил ни останатите поранешни или сегашни првенци на партијата како Александар Николовски, Никола Поповски, Васко Наумов, Коце Трајановски, Емил Димитриев, Илија Димовски, Зоран Ставрески, па дури и екс претседателот Ѓорѓе Иванов.

Историјата се повторува бидејќи Протоѓер своевремено кога бил на функција со најпотценвачки епитети говорел за Зоран Заев и неговиот брат Вице, за Бранко Црвенковски, за Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски и други. Сега само ја сменил страната следејќи го мирисот на моќта, односно секогаш да е омилен или барем прифатлив помеѓу државниот врв во даден момент.

Дополнително дознавме дека Протоѓер се понудил да помогне и околу анкетите во СДСМ, но не дознавме дали дошло до таква соработка односно дали била прифатена неговата понуда.

Но, ниту размените на пораки и семејни фотографии со Заев кои ги објавивме не се толку изненадувачки од она што дополнително го дознавме а кое веројатно можеме да го поделиме во четири фази.

Фаза 1

На крајот на зимата и пролетта 2017 година Мартин Протоѓер неколку месеци мистериозно исчезнал, а нашите информации говорат дека заедно со целото семејство Протоѓер заминал некаде во странство, во бурен период кога неговата партија се бори со секојдневните предизвици.

Што правел и зошто токму во време на протестите против тиранската платформа тој имал долго отсуство од Македонија, како го финасирал тој подолг престој и кои биле целите сеуште истражуваме.

Но она што со сигурност го дознавме од извор близок на еден од прогонетите лица е дека кратко време по враќањето во Македонија, на почетокот на летото 2017 година, Мартин Протоѓер почнал да ги убедува дел од неговите соработници дека треба сите веднаш да заминат од земјата (вклучувајќи се и себе) и да побараат политички азил, убедувајќи ги дека СДСМ со сигурност ќе води силен политички прогон кон сите и дека не треба да се чека. На одговорите од типот дека не се виновни и дека веруваат дека ќе добијат на суд, одговарал со нескриен потсмев кон нив дека се наивни ако сметаат дека судот ќе одлучува самостојно и без политичка директива од власта.

Со обзир дека тој период се поклопил со подготовката на обвиненијата и нивното поднесување, сите кои ги обиколил презентирајќи ја истата приказна биле збунети од идејата.

Најпрвин дел од нив помислиле дека како близок до Груевски можеби пренесува негова порака, но набрзо утврдиле дека и самиот Груевски бил збунет од предлогот на Протоѓер на уште не поднесени обвиненија и не почнати судски процеси да побараат политички азил и неговиот став бил дека треба да се фокусираат на судска одбрана, ангажман и подготовки со адвокатите и слично, на што велат дека и самиот бил фокусиран во тоа време.

Фаза 2

Откако никој не му ја прифатил идејата на Протоѓер за групно и итно заминување во азил на уште неподнесени обвиненија, неколку месеци подоцна направил нова обиколка кај повеќе свои соработници кои биле под политички прогон и тоа по повеќе пати, во обид да ги убеди дека сите заедно, организирано и систематски треба да работат на убедување на Никола Груевски да замине од земјата и да побара политички азил информации кои укажуваат на тоа дека и тој лично се среќава со Груевски и го убедува да замине од земјата.

Но според кажувањата на нашите извори, Груевски во тоа време ја отфрлал таа идеја и бил фокусиран преку судот да ја докаже неговата невиност.

Протоѓер не се откажал така брзо од идејата и практично неговите обиди не престанал да ги повторува во следните 7-8 месеци, кога Груевски соочен со затворска казна за набавеното блиндирано возило од страна на МВР, ја напушта Македонија и добива политички азил во Унгарија.

Фаза 3

Вистинскиот шок дошол кратко потоа, по заминувањето на Груевски, кога Мартин Протоѓер тргнал во нова офанзива, нова мисија кај дел од прогонетите, презентирајќи им идеја дека сега кога Груевски е надвор од Македонија, сега е моментот и сега треба сите организирано целата вина во сите судски предмети да ја стават на грбот на Груевски и на тој начин да се обидат да се извлечат.

Идејата наишла не само на шокираност туку на бура од реакции со укажувања дека ниту Груевски, ниту тие имаат вина, дека станува збор за политички прогон и дека крајно нечесно е да се постапи така, на што Протоѓер се бранел дека Груевски е сега на безбедно, дека најверојатно нема никогаш да се врати, па тоа е погоден момент да се понуди соработка со власта, која негова претпоставка била дека ќе биде презадоволна ако така заврши Груевски, односно ако сите негови најблиски соработници сведочат против него и го обвинат за се што ќе побара власта а за замена на милост во нивните случаи. Дополнително коментирал дека Груевски е крив за се што им се случува, дека заради него му се влошил квалитетот на животот бидејќи не постапил соодветно и не го про,менил името, со што го навлекол гневот на надворешниот фактор, и дека сега тие треба да се извлечат од ситуацијата.

Дел од прогонетите лица ги разменувале информациите меѓу себе и сфатиле дека Протоѓер веројатно турка нечија агенда, а си го поставиле прашањето и зошто ако е толку безбедно да се замине во азил, зошто самиот Протоѓер не тргнал по тој пат и зошто ако сметал дека Груевски води лоши политики многу порано не излегол од тимот и со тоа да се дистанцира од тие политики. Истите биле шокирани од монструозниот план на Протоѓер , според кој најпрвин требало да се делува на Груевски да замине во азил, за потоа истиот да се обиде да се извлече како соработник на обвинителството против Груевски.

Сомнежите за мотивите на Протоѓер значајно се зголемиле што безмалку истовремено и обвинителите почнале да канат на распити и да им го предлагаат истото што им го предложил претходно Мартин Протоѓер на дел од некогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ против кои се воделе постапки, нудејќи им поблаги казни доколку станат нивни соработници.

Но, се чини, барем според информациите кои ги имаме до сега, дека Протоѓер не успеал ни во оваа мисија и по што станал многу нервозен, но и ги прекинал контактите со истите лица.

Дел од обвинетите во Титаник минатата година забележале дека во паузите на судските рочишта кога сите присутни излегувале од судницата , Протоѓер многу често останувал и времето го поминувал сам со обвинителката во предметот Лиле Стефанова во мошне пријателска и срдечна атмосфера. Дури во еден наврат, очигледно намерно, истата за нешто гласно го пофалила Мартин Протуѓер, во личен разговор со него, говорејќи доволно гласно за да може другите да чујат, што и се случило. Целта била дека другите во процесите да ја сватат пораката дека треба поинаку да постапуваат односно да ги следат чекорите на Мартин Протоѓер во замена за протекција од обвинителско политичкара спрега.

Со тоа станало јасно дека Мартин Протоѓер кажано со фудбалски жаргон го променил дресот.

Фаза 4

Конечно, пред неколку месеци следела последната мисија на Протоѓер, приоѓајки и разговарајќи со поголем дел од обвинетите и убедувајќи ги дека најдобро е сите да признаат вина и да се спогодат за помали затворски казни.

На забелешките дека обвинителството и судот немаат никакви докази против нив како обвинети, тој одговарал дека тоа е неважно и дека одлуките за овие случаи се носат на политичко ниво, па настојчиво го повторувал советот да ја прифатат таа идеја.

Индикативна е појавата на Протоѓер во Мериот со триесетина делегати иако претходно говорел дека тој несака да се приклучи на иницијативата, но заради некои мистериозни причини одеднаш се нашол во средиштето на збиднувањата на подготовката на планираниот вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, за потоа мистериозно да исчезне од тој процес. Како да е на нечие далечинско управување.

Самиот честопати со гордост раскажувал како пред многумина говорел обратно од она што го мисли за да ги поттикне да си го кажат нивното вистинско мислење кое тој го претпоставувал и кое лажно го прикажувал како свое. Велат и дека често, а особено по објавените телефонски разговори практикувал да држи долги телефонски монолози и да испраќа пораки, спротивни од неговиот став кој го кажувал во лични средби, веројатно со цел, некој кој “слуша” да го слушне тоа што тој сака да го слушне.

Изворите кажуваат и дека честопати кога ќе се најде во тесно знае да се преставува за многу болен, и некои помали здравствени проблеми да ги прикажува како сериозни, со цел да изнуди сожалување и одредена корист од тоа, а многу пати практикувал да се преставува како многу скромен, сиромашен и невешт во управување со пари.

Соговорниците ни кажаа и други информации поврзани со неговата “моќ за брза трансформација”, но и со некои други прашања како што се одредени некои негови пороци и лоши навики, кои доколку се испостават како точни укажуваат дека сепак Мартин Протоѓер не водел така мирен и повлечен семеен живот каков што некои го перцепираат и како што и ние пренесовме претходно.

Исто така добивме и одредени информации поврзани со неговата вистинска финасиска и имотна состојба и неговите партиски активности поврзани со тоа. Сепак заради чувствителноста на овие информации најпрвин правиме напори да ги провериме и потврдиме пред нивната евентуална објава.

Се на се Заев е горд што со своите методи освоил уште еден “трофеј” со кој, заедно со другите претходно врбувани и уценети лица ќе се обидува да прави игри во противничкиот табор со цел да ја задржи својата моќ и влијание и да го зацврсти политичкиот прогон кон противниците кои не му подлегнаа. Покрај себе, под своја контрола и потчинетост и на своја страна го има човекот кој некогаш ја работел пропагандата против него лично и и ги разоткри со и обелоденувал неговите и на неговото семејство политичко-бизнис активности, па сега неговото его е кренато високо. Истовремено искусниот и уценет Протоѓер го користи за прибирање на многу информации и совети, а колку тоа ќе му помогне, ќе видиме кога еден ден ќе се најде во опозиција и кога самиот Протоѓер ќе почне да зборува за него и за ова време.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This