МЕТА БИЛ ВО ДОГОВОР СО ОПОЗИЦИЈАТА: Спиропали обвини дека Мета им служи на лидерите на опозиционите партии!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На изјавата на претседателот Илир Мета дека е избран од легитимен Парламент, дека тој и припаѓа на Републиката, а таа на албанските граѓани, реагираше министерката за односи со Парламентот и владин портпарол, Елиса Спиропали.

Таа на Твитер напиша дека Мета го изгyбил правото да остане на претседателската функција, бидејќи им служи на лидерите на опозициските партии, Љуљзим Баша на Демократската и Моника Круемади на Социјалистичкото движење за интеграција, а не на Републиката.

– Господине Мета, се согласуваме со вас „Албанија е Република. Претседателот и припаѓа на Републиката, а Република им припаѓа на граѓаните”. Вие го изгyбивте правото да останете во канцеларијата на претседателот бидејќи тој и припаѓа на Републиката, а не на Љуљзим и Моника, напиша министерката.

И премиерот Еди Рама oбвини дека Мета делува во договор со опозицијата.

На средба со жители на Тирана, во рамки на изборната кампања,Рама истакна дека одлуката за одложување на локалните избори е голема грешка на Мета, дека тоа не е заблуда или моментно лудило на претседателот туку дека одлуката е донесена според добро смислен план со опозицијата, бидејќи „тие се плашат од правосудната реформа”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This