МЕТЕОРОЛОГОТ СЛАВЧО ПОПОВСКИ СО ПРЕКРАСНИ ИНФОРМАЦИИ: Вистинска пролет од четврток!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По краткотрајната промена на временската состојба која ќе се случи оваа ноќ и ќе биде проследена со засилен северен ветер и локално проврнување на дожд и снег, од четврток нашата територија ќе подпадне под влијание на значително потопла воздушна маса од југ која ќе услови значителен пораст на максималните дневни температури на воздухот кој ќе бидат над просекот за овој дел од годината.

Времето ќе биде стабилно и суво, односно сончево со мала локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утре максималната дневна температура ќе се искачи во интервалот од 2 до 12 степени додека поради разведрувањето во четврток наутро минималната температура ќе се спушти во интервалот од -8 до 0 степени додека максималната дневна ќе бележи тенденција на голем пораст и ќе се искачи во интервалот од 8 до 15 степени, најтопло ќе биде во петок кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.

Во сабота ќе има услови за повремен локален дожд и снег само на високите планини што значи ќе има повеќе облаци над нашата територија.

Релативно топло ќе биде и за време на викендот со максимални температури од 8 до 16 степени во сабота и од 6 до 13 во недела.

Подготви: Славчо Попоски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This