Метеоролозите со најнови прогнози: Еве кога ќе падне првиот снег

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оние кои уживаат во снегот оваа година ќе се изначекаат да го видат во главниот град.

Снежни врнежи според прогнозите на подолг рок во главниот град може да се очекуваат некаде во втората половина на наредниот месец.

По натпросечно високите температури кои ќе се задржат и наредната недела кон средината на месецот се најавува заладување кое до крајот на ноември ќе ги спушти температурите и под просекот за овој период.

Слично време се очекува и кон крајот на месецот и почетокот на идниот кога утрата редовно ќе бидат во минус а дневните температури нема да се качат над 8 степени.

Во втората половина на декември се најавува продор на влажна маса која во комбинација со температурите кои веќе во текот на денот ретко ќе надминуваат 3 степени може да услови снежни врнежи.

Влажно време според прогнозите не чека и за новогодишните и божиќните празници.

Прочитајте и каква е состојбата на патиштата низ Република Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

ВНИМАТЕЛНО: Од ЕВН е најaвено дека од 03.10.2018 година напојувањето на тунелите на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија ќе биде исклучено неколку денови. Од оваа причина напојување ќе има само од страна на Удово. Доколку дојде до прекин во напојување од двете страни сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This