МЕТЛАТА НА ЗАЕВ ЕВЕ ЗА КОЈ БИЛА НАМЕНЕТА: За оние од јавната администрација кои се членови на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев вечерва од митингот во Штип уште еднаш кажа дека е ред да зачисти на локално и централно ниво по две години.

– Има функционери кои спуштаат слушалка, кои немаат одговор на барањата на граѓаните. Овие луѓе немаа снага да му служат на народот, затоа по две години време е за чистка. Нив ќе ги поместиме, или како што би рекол Цацко, дај ново дете. – порача премиерот Заев.

Тој додаде дека ќе зачисти и на другата страна, односно кај кадарот кој опструирал, а бил поставен во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ќе има големо чистење, ќе сјае, ќе заметеме. Ама ќе зачистиме и од другата страна. Има директори, вработени, кои се пикнале изминатите 11 години и сега опструираат, не работат, се кочница. Па дури и се закануваат, ќе се вратело ВМРО-ДПМНЕ, долга била раката на ВМРО. – рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This