МЕТЛАТА НА ЗАЕВ НЕ ФАЌА ВО ДУИ: Според Османи „метлата“ на Заев не мете во ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во емисијата „200“ на Алсат телевизија, во врска со најавената „метла“ на премиерот Зоран Заев истакна дека за cмeнa на кадрите на ДУИ кои се дел од владата може да одлучува само Али Ахмети и партијата.

Водителот се надоврзува на ова и го праша вицепремиерот дали е ова дуалност, паралелност, бидејќи премиерот сепак е вашиот шеф од организациски аспект за тоа како функционира Владата на што Османи вели дека нема ништо чудно во тоа имајќи предвид дека Владата била политичка, а не експертска.

– Нема тука ништо чудно. Владата е политичка, не е експертска, ја сочинуваат партиите од коалицијата. Секоја партија има свои форуми каде се предлагаат кадрите кои ќе раководат со институциите. Јас сум избран во претседателството на ДУИ и сум предложен кај премиерот да ме предложи во Собрание. Според ова премиерот има можност само да побара од Али Ахмети да биде cмeнeт некој функционер на ДУИ и тоа да се потврди во претседателството на ДУИ, па дури и Али Ахмети треба да ја потврди таквата одлука во раководството на ДУИ, рече Османи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This