МЕТЈУ ПАЛМЕР ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Во понеделник во Македонија пристигнува заменик-помошникот државен секретар на САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во понеделник во посета на Македонија ќе биде заменик помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер.

Како што информираа од американската амбасадата, тој доаѓа за да разговара за поддршката на САД за Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија.

Ќе се состане со владини и партиски функционери, вклучително и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Интензивна дипломатска офанзива имавме пред референдумот кога многу политичари како германската канцеларка, Ангела Меркел, австрискиот канцелар, Себастијан Курц и други беа во земјава со порака дека граѓаните треба да го поддржат Договорот од Преспа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This