April 16, 2024, 10:20 am

МЕЧКИТЕ НА ЗАЕВ ЌЕ ЈА ИЗЕДАТ АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО: Македонија нема да има свое малцинство во соседството, а агенцијата ќе нема чии права да штити!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали се укинува Агенцијата за иселеништво? Ова е легитимно прашање имајќи ги во предвид одредбите на Договорот од Преспа кој Владата на Заев спротивно на волјата на македонските граѓани го спроведува.

Имено со Договорот од Преспа и актуелните уставни измени македонското малцинство во соседството повеќе не се кфалифкува како такво туку како дијаспора. Самиот ваков чин е срамен и тежок удар за македонизмот, поради разликата во значењето на овие два термина. Имено со новата квалификација како дијаспора Македонците од соседството стануваат дијаспора, што дефакто значи дека тие не се автохтон народ туку обични доселеници на тие простори, односно стануваат дијаспора, термин кој го означува токму тоа.

Дополнително ваквата состојба многу веројатно ќе значи укинување на Агенцијата за иселеништво или во најмала мера промена во нејзината дејност, чиј досегашен опис потенцира дека таа се грижи за заштита на националниот идентитет на Македонците како и грижа за македонските заедници надвор од државните граници, пред се македонското малцинство во соседството.

-Поаѓајќи од значењето на националниот идентитет и вредностите на македонскиот народ за суверенитетот, самостојноста и безбедноста на државата, Република Македонија придава особена важност на промоцијата на националниот, културниот и духовниот идентитет надвор од границите на Република Македонија.

-Грижа за положбата на македонските заедници кои живеат надвор од државните граници и за подобруѕвање на правниот статус и третманот на Македонското Национално Малцинство во другите држави, согласно меѓународните договори како и склучените билатерални спогодби и договори.

 

 

За познавачите на состојбите и покрај тврдењето на Заев сепак има како што вели тој мечки во уставните измени, мечки кои многу веројатно ќе го ,,изедат” македонското малцинство во соседството!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This