МЕЃУНАРОДЕН ИНЦИДЕНТ: Швајцарски воени авиони го бркале претседателскиот авион на Путин!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владин Руски патнички авион во кој се превезувале новинари за да го покријат самитот АПЕК во Перу бил следен од три воени авиони додека летал над Швајцарскиот воздушен простор

ruski_avion
Во услови на растечка анти-Руска пропаганда, неколку земји во Европа почнаа да преземаат „безбедносни мерки“ против официјални претставници на Руската Федерација. Имено, три Швајцарски воени авиони летале близу до владин Руски авион во кој се превезувале новинари кои биле упатени на Азиско-Пацифичкиот Економски самит, кој ќе се одржи во Лима, Перу. Рускиот претседател Владимир Путин ќе земе учество на Јужно-Американскиот настан

Рускиот претседател не бил дел од патниците во засегнатиот авион.

Андреј Колешников, главен уредник во Рускиот магазин „Пионер“ на Фејсбук напишал, „Летаме кон Перу, на самитот на АПЕК. Летаме низ Швајцарија. Одененадеж, авионот е блокиран од три страни од воени авиони. Ова се авиони на Швајцарското воено воздухполовство.“

Според уредникот, авионите летале толку блиску што јасно се гледале лицата на пилотите и регистарските броеви на опашките на воените авиони, кои биле под полно вооружување.

Никој од новинарите не можел да се сети на ваков претходен инцидент.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This