МЕЃУНАРОДНАТА МУ ЈА ОТПЕА „ЧАО, БЕЛА“: Ниту еден од странските политичари кои му дадоа поддршка на Заев пред референдумот, не му честитаа за резултатите на референдумот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската јавност беше сведок на голем број на посети на странски државници и политичари во очи на референдумот за промена на името, сепак народот и покрај сите притисоци, уцени, закани и пропаганда не потклекна и успеа да избоксува неуспешен референдум.

Имено ниту Меркел, ниту Меј, ниту Курц, ниту Макрон ниту пак Матис не му ја честиташе на Заев наводната победа за наводно успешниот референдум. Сите оние кои изминатите месеци го тапшаа по рамо Заев и неговата влада да го спроведат бришењето на македонскиот идентитет, јазик, историја и самата држава Македонија не упатија поздрав, ниту честитка за неуспешниот референдум.

На целата меѓународна заедница и западниот свет му е јасно дека референдумот е неуспешен и покрај грубите обиди на власта за манипулација со јавност. Цензусот од 903 илјади гласачи не е исполнет, а граѓаните преку бојкотот кажаа што мислат за капитулантскиот договор со Грција. Македонскиот народ уште еднаш ја покажа својата политичка зрелост и не си дозволи уште еднаш да поверува дека некаков договор или пак спогодба ќе им донесе подобра иднина. Граѓаните ја научија лекцијата од Охридскиот рамковен договор, лекцијата од Законот за територијална распределба како и сите останати ветувања на странски дипломати и емисари дека слепото следење на нивните заповеди ќе донесе подобро утро за граѓаните на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This