April 26, 2024, 11:42 am

„Меѓyнapoднa изoлaциja“ зa Кина дoкoлкy нe copaбoтyвa вo пoнaтaмoшнитe иcтpaги зa пoтeклoтo нa кopoнaвиpycoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливан изјави дека Кина ќе се соочи со „меѓународна изолација“ доколку не соработува за време на понатамошните истраги за потеклото на коронавирусот.

Саливан го пофали американскиот претседател Џозеф Бајден што им рекол на своите колеги од Г7 да ја „притиснат“ Кина да дозволи отворена истрага за потеклото на пандемијата, јави „Фокс њуз“.

-Она што Бајден го стори во Европа минатата недела се нарекува собир на демократскиот свет со заеднички глас за ова прашање, првпат по избувнувањето на пандемијата. Поранешниот претседател Трамп не можеше да го стори тоа, а тоа го направи и Бајден. Тој го собра Г7 да ја поддржат изјавата на сите во која се вели дека Кина мора да дозволи истрага на нејзината територија“, изјави Саливан.

Американскиот советник за национална безбедност вели дека Кина има два избора – или да им дозволи на истражителите, на разумен начин, да ја направат вистинската работа и да разберат од каде потекнува новиотѕ коронавирус или да се соочи со меѓународна изолација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This