МЗТ ИМ СЕ ВРАТИЈА НА ПОБЕДИTE: Oдиграа фанатично во одбpaнaта, за што говори и бројката од дури 15 ykpaдени топки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром одиграа фанатично во одбраната, за што говори и бројката од дури 15 ykpaдени топки, што на крајот се покажа како клучно за триумфот во вечерашниот меч со Сплит (70-64) за задржување на непобедливоста на средбите во „Јане Сандански“.

Сплит во финишот од првото полувреме првпат посериозно резултатски се одлепи, а на стартот од третиот период дојде до плус осум (35-27). Тоа како да ги разбуди нашите момци, кои набрзо потоа вратија жестоко и со серија 14-3 се вратија во водство (44-41). Потоа поведовме и со плус шест (53-47) што ја разгоре атмосферата во салата.

 

 

 

До крајот, играчите на двете екипи жестоко се бореа буквално за секоја педа, а секој постигнат кош, со оглед на крајниот збир поени, беше злато вреден. Македонскиот шампион прво се одлепи на плус пет (61-56), но противникот брзо врати и со шест поени за ново минимално водство.

 

Тројката на Дамјан Стојановски на стартот на последната минута за 66-62 ја крена публиката на нозе, капитенот дополни со два поени на 20 секунди до крајот на 68-64, за потоа со две прецизно изведени слободни само да ја потврди големата победа.

 

Стојановски целиот меч го одигра маестрално и со 24 поени беше најефикасен во тимот од Аеродром, додека двоцифрен поентерески ефект имаше уште и Бојан Крстевски со 12 поени и осум скока. Мора да се нагласи фанатичната игра во одбрана на Андреј Магдевски, кој имаше неверојатни седум украдени топки, зачинети со девет поени и осум скока.

 

Нашиот тим сега има скор 5-1 и е прв на табелата во АБА2- во пресрет на останатите мечеви од 6. коло во регионалното натпреварување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This