April 25, 2024, 11:39 am

МИГРАНТИТЕ ЗАПОЧНАА ДА ВЛЕГУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА: Полските граничари фатиле 120 мигранти во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политиката на ЕУ за преместување на мигранти од Италија и Грција во други земји-членки на ЕУ, го влошува проблемот со миграцијата, изјави полскиот министер за внатрешни работи кој соопшти дека полските граничари фатиле 120 илегални мигранти во Македонија

Полскиот министер за внатрешни работи, Мариуш Блашчак, рече дека е негова работа да ги убеди другите земји на Европската унија да ја напуштат програмата за релокација на мигранти.

Тоа е магнет што привлекува натамошни бранови бегалци, рече Блашчак додека разговараше со полските полицајци на граничната полиција испратени во Македонија.

Блашчак вели дека полските ганичари во Македонија ја покажале солидарността на Полска со Македонија.

Во септември 2015 година, лидерите на ЕУ се согласија дека секоја земја треба да прифати голем број мигранти за да се ублажат притисоците врз Грција и Италија.

Лидерите на ЕУ се согласија да преземат околу 160.000 мигранти од повеќе од два милиони луѓе кои стигнаа во Европа од 2015 година.

Досега се преместени само околу 25.000 луѓе.

Претходната влада на Полска вети дека ќе прифати неколку илјади мигранти, но по доаѓањето на власт на изборите во октомври 2015 година, конзервативната партија Закон и правда (VPS) се спротивстави на програмата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This