April 19, 2024, 10:40 am

МИГРАНТСКА КРИЗА НЕМА, НО ИМА ИЛЕГАЛНА МИГРАЦИЈА: Полицијата регистрира зголемен обид за илегална миграција на границата со Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голема мигрантска криза како изминатите години нема повеќе ниту во Македонија, ниту во регионот, но за сметка на тоа е зголемена илегалната миграција. Споредено со минатата година и оваа имаме зголемување на обидите за илегален премин на границата на Република Македонија со Грција, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Посочи дека се појавил и обратен правец на миграција од Србија во Македонија, првенствено на државјани од Иран.

– Србија во тој момент дозволи визна либерализација за државјаните на Иран. После легалното доаѓање во Србија тие преминуваа или се обидуваа да преминуваат на територија на Република Македонија. Благодарение на контактите и комуникациите, таа визна либерализација е укината и веќе се стопирани илегалните преминувања, изјави Спасовски.

Во последните две недели, нагласи Спасовски, веќе имаме драстичен пад на обидите за илегално преминување на границата.

– Македонската полиција работи заедно со полициски службеници од другите партнерски држави, коишто работат на обезбедувањето на македонско-грчката граница, а имаме формирано и посебни сили коишто ќе работат на спречување на илегалната миграција и трговија со луѓе. Тие започнаа со работа во сите региони на Македонија и веќе имаме конкретни акции спроведени врз основа на оваа стратегија, изјави Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This