April 16, 2024, 10:21 pm

МИГРАНТСКИ КАМПОВИ СЕПАК ЌЕ СЕ ПРАВАТ: Нов прифатен центар планиран за изградба во близина на Стенковец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нов прифатен центар за странци наскоро ќе никне во околината на Скопје, јавува ТВ Алфа.

Во момент кога мигрантскиот бран од Блискиот исток и северна Африка повторно станува актуелен, нови големи маси бегалци ги окупираат грчките острови, а дел од земјите од ЕУ предлагаат изградба на мигрантски кампови на Балканот каде перманентно би живееле оние кои не се кавлификуваат за влез во унијата, македонската влада му доделила на МВР градежно земјиште на кое треба да биде изграден прифатниот центар.

Според информации на Алфа, Центарот во кој несомнено би биле смстени блискоисточни несреќници, ќе се наоѓа во Стенковец. Ова место, освен по спортскиот аеродром, е познато и по тоа што во 1999 година беше привремено живеалиште за стотина илјади косовски Албанци, кои бегаа од воениот пожар и судирот меѓу НАТО и ОВК од една и Војската на тогашна СР Југославија од другата страна.

Австрија и Данска се земјите предводнички на идејата за мигрантски кампови на Западниот Балкан. Добар дел од земјите членки на ЕУ се песимистични дека таа е остварлива, иако соседна Албанија индиректно се изјасни дека би можела да размисли за таков проект во замена за одредени бенифиции. Македонската Влада засега одлучно ја демантира таквата можност и повторува дека, ние сме и можеме да бидеме само транзитна земја, вели министерот Спасовски.

Алфа уште пред десетина дена писмено ги запрашала Владата и МНР дали размислуваат за данско-австриската идеја за отворање на мигрантски кампови на наша територија, дали тоа прашање навистина било отворено уште на Самитот во Софија минатиот месец каде Македонија беше присутна, како и дали земјава воопшто има капацитет да прими бегалци кои постајно би останале овде. Телевизијата се уште не добила никаков одговор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This