МИГРАНТ СТАНА ПОЧЕСЕН ЖИТЕЛ НА ПАРИЗ: Спаси бебе од сигурна смрт и стана почесен жител на Париз

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Младиот мигрант од Мали, Мамуду Гасама стана париски херој откако во саботата тој по фасадата на една зграда се искачи до четвртиот кат за да спаси бебе кое висеше од балкон.

Видеото снимено од неколку граѓани кои стоеле пред зградата за неколку минути се прошири низ целиот свет, а градоначалничката на Париз, Ана Хидалго го пофали херојството на 22-годишниот Гасама, кого го нарече Спајдермен.

Гасама стана толку популарен за неговата храброст и хуманост што денеска ќе отиде на прием кај францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата и ќе стане почесен граѓанин на Париз.

По херојството, тој веднаш доби француско државјанство. Гасама во изјава за француските медиуми рече дека кога видел дека дете виси на терасата, воопшто не размислувал.

Таткото бил повикан во полиција на испрашување под сомневање дека го оставил детето без надзор, велат судски извори. Мајката наводно во тој перидо не била во Париз.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This