МИГ-41, АВИОН КОЈ ЌЕ ОПЕРИРА ОД ВСЕЛЕНАТА: Ловецот-пресретнувач МиГ-41 спремен и за космосот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Напредниот авијационен комплекс за пресретнување на големи висини МиГ-41, кој е изработен како замена за висинскиот пресретнувач МиГ-31, ќе може да исполнува и задачи во вселената, изјавил за телевизискиот канал „Звезда“ генералниот директор на руската авионска корпорација (РСК) МиГ Иља Тарасенко

„Веќе работиме на тоа. За нас тоа е природен развој на авионот МиГ-31. Тоа ќе биде потполно нов технолошки авион. Нова технологија, незабележливост, работа во вселената, нови брзини и нов радиус“, рекол Тарасенко.

Претходно денес, за време на Меѓународниот воено-технички форум „Армија 2017“ во Кубинка кај Москва, Тарасенко изјавил дека испораката на тој авион Министерството за одбрана на Русија може да го очекува околу 2025. година.

Според неговите зборови, МиГ-41 ќе биде „апсолутно нов авион“, а не модернизиран МиГ-31.

Тарсенко додава дека во тој авион ќе бидат искористено потполно нови технологии за работа во арктичката област.

„Потоа ќе се префрлиме на беспилотниот проект“, наведува генералниот директор на РСК.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This