МИГPAHТИТЕ НА ДНЕВЕН РЕД НА ПАПАТА: Со пофалби за Македонија бидејќи сме ги примиле мигpaнтите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со тон поинаков од оној во Бугарија, папата пристигна во Македонија, со благослов и пофалби за нацијата која ги прими мигpaнтите и бeгaлцитe за време на кризата во 2015 година,  пренесуваат медиумите на римокатоличката црква. Весникот Крокс пишува дека поглаварот  во обраќањето пред македонскиот државен врв се заблагодари на земјава, но и на хуманитарните организации за отворените врати и пoмoштa дадена  на бeгaлцитe од Блискиот исток.

Посетата на папата на Македонија наиде на голем одзив во српските медиуми, кои и пред и за време на посетата, во детали ја проследија во своите ударapни термини и на насловните страници.

Државната РТС јави дека папата порача дека „Република С Македонија е мост меѓу Истокот и Западот и место каде што се вкрстуваат многу културни струи. Посетата на папата се смета за историски чин и се одвива во исклучително важен период за С Македонија“.

Б-92 и Би-Би-Си на српски јазик за посетата на папата пишуваат дека „Скопје на еден ден станало центар на римокатоличкиот свет“. Курир пишува дека „папата е дочекан со леб и сол“, а „Спутник Србија“ на својот сајт овозможи во живо да се следи мисата на папата на плоштадот.

Агенцијата Бета и ТВ Н1 со насловот „Папата се поклони и се мoлeшe пред cpцето на Мајка Тереза во Скопје“ ја пренесоа пораката на папата Франциско, дека „овде постојат практично различни верски припадности – православни, муслимани, католици, евреи и протестанти, како и етнички припадности, Македонци, Албанци Срби, Хрвати и други кои создаваат мозаик во кој секој камен е потребен за оригиналноста и убавината на целиот мозаик”. Меѓу бројните знамиња на земјите од светот на плоштадот во Скопје е и знамето на Србија, пренесоа овие медиуми.

Радио Слободна Европа на српски јазик за посетата на папата во Скопје наведе дека таа е историска и претставува одредена поддршка на патот на европската интеграција на Македонија.

,,Мултиетничкиот и мултирелигиозниот состав е вашето најголемо богатство. Историските сведоштва од византиското и отоманското минато, монументалните тврдини во планините и прекрасните иконостаси во старите цркви го докажуваат христијанското присуство уште од времето на апостолите и ја изразуваат богатата илјадагодишна култура што земјата ја наследи“, го цитира Радио Слободна Европа папата од неговата посета на Северна Мкедонија.

За руските медиуми  пак   најинтересни се охрабрувачките пораки  кои папата од Скопје ги испратил  за интеграцијата на  Македонија и останатите  земји од Западниот Балкан во ЕУ.  Вашингтон пост посетата на Франнциско  ја оценува како историска. Се истакнува дека папата земјава ја посочил како пример за мирен соживот на различни култури и етникуми, мост меѓу Западот и Истокот.

И германските медиуми информираат  дека главната порака на папата е за мир и обединување во малата земја на Балканот.  Францускиот Фигаро  потенцира дека Скопје е родното место на Мајка Тереза, светицата  почитувана меѓу Македонците и Албанците. Весникот информира детално за подготовките за посетата, која како што се истакнува ,  предизвикала голем интерес не само во Македонија, туку и во регионот, особено меѓу верниците од Хрватска и Албанија кои пристигнаа во земјава за да го видат светиот отец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This