МИЖИ АСАН, ДА ТИ БААМ: Анкети финансирани од УСАИД, Сорос и странски амбасади го „месат“ јавното мислење пред лажиран референдум!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Колку може да се верува на анкета спроведена од организација која за да опстои мора да биде приклучена на финансиските инфузии на разни странски невладини и владини организации, кои делуваат на територија на земји членки на НАТО

Пред неколку дена „Институтот за демократија – Социетас Цивилис“ од Скопје објави анкета во која се тврди дека повеќе од половина од Македонците се спремни да го променат името на државата за членство во ЕУ и НАТО.

Но колку овие податоци се точни и веродостојни, имајќи во предвид дека ниту еден од провладините медиуми кои помпезно ги сервираа податоците од анкетата не ја објавија методологијата и технологијата која е користена при спроведувањето на анкетата, повеќе од доволно зборуваат и финансиските извештаи на организацијата.

„ИДСЦС“ е организација која спроведува истражувања на јавното мислење и спроведува проекти за имлементација на разни програми под покровителство на ЕУ и УСАИД. Главен извор на финансирање се невладини организации како „Фондација Отворено општество“ на Џорџ Сорос, Конрад Аденауер, Метаморфозис, но и владини организации како УСАИД и разни странски амбасади во земјава. Амбасади на земји членки на ЕУ и НАТО.

Оттука и сомнежот за веродостојноста во резултатите.

Нарачаните анкети со кои наместо да се мери јавното мислење, се користат за формирање на јавното мислење не се непознаница во Македонија, особено по скандалите со рејтинг агенцијата „Рејтинг“ на Ѓорѓи Спасов, кој печатеше анкети согласно партиските потреби на СДС. Резултатите, секако беа претхоно смислени во пропагандната кујна на партијата, а потоа пласирани во јавноста како мерење на јавното мислење.

Ист е случајот и со институтот „Павел Шатев“, кој ретко кога погодуваше резултати, а оттаму и редовно беше критикуван како институт кој се обидува да формира, а не да го мери расположението на јавоста по одредено општествено, политичко или економско прашање.

„ИДСЦС“ во изминатата година добиле грантови од неверојатни 18.743.337 денари или 350.000 евра, но возможно е оваа цифра да е далеку поголема, особено ако се знае дека организациите од овој тип најчесто и ги лажираат крајните финасиски резултати, а не се подложни на ревизија.

Затоа и ваквите „анкети“ треба да се земат со крајна резерва и сомнеж во веродостојноста, бидејќи и најчесто не се реални туку се бројки напишани на неколку листа хартија со цел креирање, а не мерење на јавното мислење. И сето тоа, платено со милиони денари од странски влади и невладини организации.

 

Една од причините поради која вакви анкети се пласираат во јавноста, а со цел креирање на јавното мислење, може да биде и намерата за организирање на референдум за името на кој резултатите однапред ќе бидат познати. Затоа и потребата преку креирање на јавното мислење да се предизвика ефект на очекуван исход од референдумот, а во колективната свест да се всадат резултати и очекувања дека јавноста е спремна да го промени името, иако во реалноста тоа не е случај.

 

 

17 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This